среда, 4 јуни 2025

Утре посебен режим на сообраќај од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон

Од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на хуманитарна трка.

Објавено на

часот

Сподели

„Утре со почеток во 10 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како ‘Сите за Кочани – трчаме заедно’, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од  тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ