петок, 5 декември 2025
Локални избори 2025

Утре почнува собирањето на потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Собирањето на потписите за кандидирање на независни кандидати за градоначалник на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе се врши во подрачните одделенија и канцеларии на  Државна изборна комисија (ДИК) и пред надлежен нотар, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден, 30 ноември до полноќ, соопшти денеска ДИК.

Објавено на

часот

Сподели

како што информираа од ДИК, подрачно одделение на Државна изборна комисја –  Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште а канцеларијата на Државна изборна комисија – Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.

Постапката на собирање на потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември 2025 година на полноќ.

Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не се избраа градоначалници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ