вторник, 9 декември 2025

Утре почесна стрелба во 19 часот за Денот на независноста

Во касарната „Илинден“ утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Објавено на

часот

Сподели

Во 18 часот ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

„Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамките на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември“, информираа денеска од Генералштабот на АРМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ