сабота, 4 април 2026

Утре на Криволак ќе се уништуваат минско-експлозивни и неексплодирани убојни средства

Министерството за внатрешни работи упатува известување до граѓаните, дека утре од 10 часот на полигонот Криволак во близина на Неготино, од страна на екипи од МВР, АРСМ и ДЗС, ќе се изврши уништување на минско-експлозивни средства и неексплодирани убојни средства.

Објавено на

часот

Сподели

Од Општина Неготино ги известуваат жителите на општините што гравитираат околу армискиот полигон Криволак, дека утре ќе се реализираат вежбовни активности за обука и дневно, ноќни гаѓања на самиот полигон.

„Токму затоа се информира населението дека во реоните каде што ќе се спроведуваат активностите е забрането движење на луѓе, возила и стока, како и допирање на проектили или средства што можат да бидат опасни по живот. Доколку се најдат истите, да се пријават во најблиската полициска станица или во АП Криволак“, соопштија од Општина Неготино.

Притоа, подвлекоа дека вежбалиштата на кои ќе се реализираат вежбовни активности, ќе бидат одбележани согласно законските прописи на Армијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ