Стартот на трката е закажан во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот “Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10километри, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 6 до 13 часот.
Водител на настанот е Марко Новески, а за забавниот дел ќе се погрижи DJ Баже од Антена 5 радио.
Организаторите апелираат до сите граѓани да го користат јавниот превоз, а за натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз кој ќе се обраќа од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а после завршувањето на настанот по обратен редослед.






