вторник, 6 мај 2025

Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Град Скопје и на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.

Објавено на

часот

Сподели

Поради пуштањето во употреба на системот на заеднички гранични проверки „Уан стоп шоп“ утре 10:30 до 12:00 часот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.

В недела, пак, поради одржување улична трка, од 10 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.

 

Трасата на движење ќе почне од булевар „Илинден“, пред фонтана „Лотос“ (старт и цел), право долж булеварот „Илинден“ до крстосницата со булеварот „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта фонтана „Лотос“.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ