Минималните температури во текот на утрешниот ден ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 3 до 9 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени Целзиусови.
Според прогнозата на УХМР, од петок следува стабилизирање на временските услови. Во текот на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе се спуштаат под нулата.






