петок, 13 март 2026

Утре дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени поради протест за поголеми плати

Посебен режим на сообраќај ќе има утре во Скопје поради протест, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по „Филип Втори Македонски“, десно по „11-ти Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, десно по „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до пред Влада во Скопје. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените сообраќајници во град Скопје, информираа од МВР.

Се апелира да се почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ