„Безбедност на затвор е состојба во која затворската установа е органзирана и заштитена така што се спречува бегство на притворениците, се одржува ред и дисциплина внатре, се заштитуваат вработените, притворенциите и посетителите, се спречуваат насилство недозволени предмети и криминални активности. Се гарантира сигурноста на општеството надвор од затворот. Тоа значи комбинација од физичка заштита (ѕидови, решетки, камери) организациски мерки (правила, контроли, претреси) и службена контрола (затворска полиција и персонал). Безбедноста на затворот ја гарантираат државата – преку законите и институциите, управата на затворот – директорот и раководството, затворската полиција -службата за обезбедување која директно ја спроведува безбедноста. Министерството за правда или надлежната управа (Управата за извршување санкции) врши надзор и контрола. Други безбедносни служби се (по потреба) полицијата или специјалните единици при ризични ситуации. Со еден збор, државата ја гарантираа безбедноста, а затворската служба ја спроведува во пракса. Јас цврсто гарантрам дека безбедноста е загарантирана за секој еден притвореник, вклучувајќи го и Артан Груби“, изјави за МКД.мк, директорот на КПУ Затвор – Скопје, Бобан Утковски.
Освен на законите, Утковски уште упатува и на Уставот кој во неколку членови го гарантира физичкиот и моралниот интегритет на човекот, неговата слобода, и почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, достоинството и угледот, кои според Уставот се неприкосновени.
„Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување. Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на суд и во случаи и постапка утврдени со закон. Лицето лишено од слобода мора веднаш да биде известено, на јазик што го разбира, за причините за лишувањето од слобода и за своите права и не смее да биде присилено да даде изјава. Лицето има право на адвокат во постапката. Лицето изведено пред суд мора да биде сослушано без одлагање, а судот е должен да одлучи за законитоста на лишувањето од слобода во рок утврден со закон. Се гарантира неповредливост на личниот и семејниот живот“, пишува во Уставот на Република Македонија.
И.О.






