сабота, 17 мај 2025

Уставниот суд пресече, приватно верско училиште нема да има

Уставниот суд денеска ја укина одлуката за давање одобрение за основање на приватно средно училиште Медресеја Иса Беу во скопското село Кондово, која е донесена од страна на Владата на 26 март 2024 година.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Судот оцени дека Одлука на Владата е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, односно дозволила Исламската верска заедница ИВЗ да биде основач на средно училиште – гимназија.

„Уставниот суд со својата одлука донесена со мнозинство гласови и овој пат, како и во повеќе наврати претходно со своите одлуки донесени во различни судиски состави, застана на браникот на секуларноста на државата. Имено, суд ја укина одлуката на Владата донесена на 26 март 2024 година со која е одобрено основање на приватно средно училиште Медреса Иса Беј со образложение дека согласно амандманот VII точка 2 од Уставот е утврдено дека МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква,, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основање верски училишта и социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. Ниту Уставот, ниту пак било кој закон во државата не допушта и не предвидува постапка за основање на приватно средно училиште со граѓанско образование од страна на верска заедница или религиозна група. Оттука, Уставниот суд одлучи дека Владата во март 2024 година донела противзаконска и неуставна одлука и истата ја укина.“, изјави судијата-известител Ана Павловска-Данева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ