среда, 24 декември 2025

Уставен суд: Прифатена иницијативата за укинување на правилникот за кодот НМК

Уставниот суд ја прифати иницијативата на директорот на Канал 5 ТВ – Иван Мирчевски и новинарот – Александар Видиновски за поништување или укинување на правилникот за кодот НМК.

Објавено на

часот

Сподели

Во иницијативата се бара укинување на правилникот поради кој на сообраќајните знаци во Србија, кодот за Македонија е НМК, а не МК. Според Преспанкиот договор кодот е МК. Две години по потпишувањето на Преспанскиот договор тогашната влада донела правилник со кој во употреба ја ставија ознаката НМК, спротивно на договорот, но и спротивно на усвоените кодови во ОН.

Мирчевски изрази задоволоство што на денешната седница на Уставниот суд иницијативата го помина првиот филтер и се надева дека и гласањето ќе биде позитивно. Тој потсети дека во 2020 година, двајца тогашни министри во техничката Влада, Горан Сугарески од СДСМ и Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ потпишале ваков правилник со кој кодот на сообраќајните знаци за Македонија е НМК.  На 30 јуни 2020 година во Службен весник бр.174 е објавен Правилник за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот донесен од Министерството за транспорт и врски.

Во оваа прва фаза судот изрази сомневање дека правилникот е неуставен, по што треба да ледува одлуказа поништување/укинување на овој правилник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ