Во иницијативите беше наведено дека новите решенија за електронско евидентирање на сообраќајни прекршоци создаваат нееднаквост, бидејќи системот се применува само во Скопје, Тетово и Куманово, како и дека и пораките кои се примаат при сообраќаен прекршок треба да бидат и на албански јазик. Судијата Насер Ајдари рече дека треба да се испита уставноста и да се препорача Собранието да ги направи потребните измени во Законот за прекршоци.
„Отсуството на јасна законска гаранција дека ваквите известувања ќе се вршат на службените јазици опфатени со Уставот создаваат правна празнина која може да доведе до повреда на уставниот режим за употреба на јазиците“, рече Ајдари.
Судијката известител Ана Павловска Данева рече дека во самиот закон добро се посочува во кои случаи се применува Законот за употреба на јазиците, дека нема потреба да се поведе постапка за испитување на уставноста, а пресече и претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски кој смета дека воопшто и не треба да се почне расправа.
„Ние предлагаме во принцип остварување на нашата надлежност бидејќи не наоѓаме во ниту еден од аргументите и за ниту еден од предложените одредби да бидат укинати или поништени, зависи како кој од иницијаторите предлага, не наоѓаме причини за поведување на постапка“, изјави Павловска-Данева.






