понеделник, 8 декември 2025

УСС на УКИМ реагира за недоволната организација при вселувањето во државните студентски домови

Универзитетското студентско собрание на УКИМ со загриженост реагира на неповолните услови и недоволната организација при процесот на вселување во државните студентски домови, кој започна на 9 септември 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Најголем метеж и проблеми се забележани во студентските домови ‘Гоце Делчев’ и ‘Пелагонија’, каде што дел од студентите беа принудени да чекаат повеќе од 12 часа – од преземање на документи до добивање на соба – на температури над 25 степени.

Студентите заслужуваат достоинствен прием и современи услови уште од првиот ден на нивниот престој во студентските домови“, реагираат од УСС-УКИМ.

За подобрување на ситуацијата од УСС-УКИМ имаа конкретни предлози и барања: отворање на повеќе пултови за преземање на документи, за да се намали времето на чекање и да се обезбеди побрз прием; поголем временски интервал меѓу објавувањето на конечните резултати и самиот почеток на вселувањето, за домовите да можат навремено да се подготват; присуство и активен мониторинг од страна на Министерството за образование и наука на самото место, за да се гарантира правилна и фер распределба на собите; дигитализација на процесот на вселување, со што би се намалило времето на чекање и би се вовеле современи стандарди во управувањето со домовите.

„Како заклучок, Универзитетското студентско собрание на УКИМ е подготвено да предложи студенти кои би помогнале во целиот процес на вселување, а апелираме институциите да развијат соработка со факултетите, кои можат да понудат стручна поддршка за дигитализација на системот“, порачуваат од УСС на УКИМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ