недела, 21 декември 2025

Условната пресуда за д-р Пешевска ја донесе Судот, а не Обвинителството, велат од Јавното обвинителство

Признанието на вина и осудителната пресуда изречена за една од обвинетите во предметот “Онкологија” е потврда за основаноста на наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство откако вчера Основниот кривичен суд Скопје ја осуди докторката Мери Пешевска на условна казна затвор. Премиерот Христијан Мицкоски пресудата ја оцени како уште еден прилог за лошиот рејтинг на судството.

Објавено на

часот

Сподели

„Висината на санкцијата за стореното кривично дело ја одредува Судот, а обвинителството се уште не ја добило пресудата и образложението за изречената казна. По приемот, јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе вложи жалба во однос на висината на санкцијата“, велат од Јавното обвинителство.

Премиерот Христијан Мицкоски пресудата ја оцени како уште еден прилог за лошиот рејтинг на судството.

„Моите ставови за обвинителството и судството се многу пати кажани, многу пати разговарани. И секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот на испорака на законите, коишто значат реформи во судството и обвинителството, во суштина сакам јавноста да знае дека станува збор за 6 закони каде што основната суштина е зголемување на буџетот. Тоа директно ќе имплицира на зголемување на платите на обвинителите и судиите коишто имаат рејтинг од 2 отсто, а се бара зголемување на платите за судиите, односно буџетот нивен, којшто би бил сега 0,8 отсто од БДП, а за обвинителите 0,5 отсто од БДП. И секогаш чувствувам некаква мачнина, бидејќи тие и овие сега плати што ги земаат не ги заслужуваат, имајќи предвид вакви судски одлики за којашто вие сега зборувате. Така што, сакам граѓаните да знаат дека, сите оние експерти, така наречени, кога излегуваат во јавност и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во обвинителството и судството, ова е суштинската реформа. Како да се зголеми буџетот на судовите до 0,8 отсто од БДП, а на обвинителите од 0,5 отсто од БДП, што е да речеме два до три пати повеќе од некои земји членки на Европската Унија. Не е проблем, ние ќе ги зголемиме и три пати, ама да ги заслужат. Јас имам дилема, дали и овие плати тие ги заслужуваат, коишто сега ги земаат“, коментираше премиерот Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ