понеделник, 8 декември 2025

Условна казна затвор за Нуредини, напаѓачот на градоначалничката Арсовска

Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокатот Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на вина придонел за ефикасност на постапката и дека во случајот е определен и заштитен надзор, со пробациските мерки.

„Обвинетиот Реџеп Нуредини денеска на главна расправа покажа искрено каење за стореното, за неговото грубо однесување спрема оштетената. Меѓутоа, и самата градоначалничка покажа доблест да му прости за стореното на обвинетиот, дури и не се приклучи кон кривичниот прогон, ниту пак најави имотно правно побарување, што помогна за изречената максимална алтернативна казна во случајот. Во случајот постојат навистина олеснителни околности, не само извинувањето, каењето за стореното од страна на обвинетиот, меѓутоа и ветувањето дека ќе се чува од такви испади во иднина. Очигледен беше неговиот придонес за ефикасно завршување на оваа кривична постапка“, изјави Рауфи.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не даде изјава за медиумите.

На 11 јули годинава Арсовска, како градоаначлничка на Град Скопје, беше нападната при увид на дивоградба во Општина Чаир.

Според обвинението Реџеп Нуредини се товари за сторено кривично дело насилство.

„На 11 јули 2025 година околу 11:30 часот, на улица ‘Севастополска’ во Скопје, грубо ја навредувал и ја загрозил сигурноста на оштетената Данела Арсовска и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, се наведува во обвинението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ