петок, 19 декември 2025

УСЈЕ објави извештаи и тврди дека не загадува

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон, соопшти ТИТАН УСЈЕ приложувајќи табела од дневните мерења за денеска, 19 декември.

Објавено на

часот

Сподели

„Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите“, велат од ТИТАН УСЈЕ и потсетуваат дека работењето е постојано следено од Државниот инспекторат за животна средина.

Компанијата потсетува дека работата без филтрите всушност е невозможна поради технолошкиот процес. Исто така компанијата вели дека мерењата за ПМ10 честитчки во атмосферата не покажале меѓузависност со мерењата на овие честички во околината на УСЈЕ од други мерни станици.

ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото деноноќие, велат од компанијата.

„Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ