петок, 5 декември 2025

Уште непочната седницата, Гаши објави еден час пауза за пратениците

По барање на пратеникот Борислав Крмов од Левица, во Собранието, пред да почне 70. седница, е објавена пауза од еден час.

Објавено на

часот

Сподели

Крмов побара пауза откако процедурално се јави за збор, во врска со предлог-законот поднесен од Левица за измени на Изборниот законик, а воедно го повтори и барањето на информацијата за патните трошоци на пратениците.

„Поднеосвме итни измени на Изборниот законик пред два месеца. Зошто го прекршивте Деловникот и не свикавте итна седница или зошто на оваа барем не го ставивте на дневен ред?“, праша Крмов.

На ова, претседателот на Собранието, Африм Гаши одговори дека предлогот поднесен од Левица се однесува за локалните избори на 19 откомври кои, како што рече, поминаа, поради што „нема никаква смисла сега да се стави на деневен ред“.

„На првата координација на која учествувавте и вие, реквме дека треба сите да отвориме дијалог за промена на Изборниот законик што ќе го почне веднаш и ќе го донесеме сите заедно“, истакна Гаши.

На тоа Крмов одговори дека, сепак, претседателот на Собранието, согласно Деловникот, бил должен да го стави предлогот од Левица на седница.

Во меѓувреме пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ одржа прес конференција на која најави дека ќе иницира јавна расправа за Изборниот законик во рамки на комисијата за политички системи, со цел да се отвори суштинска дебата за потребните измени. Според него, моментот е најсоодветен бидејќи искуствата од последните избори се свежи, а проблемите се добро познати.

„Изборниот законик е закон за граѓаните – тој го гарантира правото да се избира и да се биде избран. Ако дозволиме истите недостатоци да се провлекуваат од избори во избори, а притоа се појавуваат нови проблеми, тогаш навистина ни е потребна длабока јавна расправа“, истакна Мециновиќ, повикувајќи на вклучување на медиумите, граѓанскиот сектор, академската фела и меѓународните организации.

Тој потсети дека постои предлог за измени на законикот по скратена постапка, поднесен од Левица поради проблемите со финансирањето, но материјалот не стигнал до пратениците.

„Не можеме да очекуваме добра волја од мнозинството, затоа што ако навистина сакаа да ги исправат работите, немаше да спречуваат седници кога настана спорната ситуација со финансирањето“, нагласи тој.

Мециновиќ се повика и на извештаите на ОБСЕ и Европската комисија, кои, како што рече, нотираат сериозни недостатоци во изборниот процес и крајна поларизација во Собранието.

„Време е Изборниот законик да стане стабилна основа за демократијата, бидејќи моментално тоа не е случај“, додаде тој, најавувајќи дека Левица ќе учествува во сите работни тела за подготовка на измените.

Во вториот дел од прес-конференцијата, Мециновиќ се осврна на иницијативата за надзорна и анкетна расправа за трагедијата во Кочани. Тој информира дека пред почетокот на декември ќе биде свикана комисиска расправа во Постојаната анкетна комисија за човекови права, со присуство на родителите на загинатите.

„Сега сме во момент кога нема оправдувања. Искрено се надевам дека ќе успееме оваа потреба да ја реализираме, за да спречиме во иднина да постојат ‘темпирани бомби’ во нашето општество, каде што може да настрадаат граѓани“, порача Мециновиќ, додавајќи дека Левица веќе обезбедила потребен број потписи за иницијативата.

Пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа треба да одговараат на прашања од опозициските пратеници. На седницата, пак, на дневен ред се верификацијата на мандатот на пратеници во Собранието, предлогот за именување на член на Фискалниот совет, избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, избор на членови на Националниот совет за високото обрзование и научно-истражувачата дејност,…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ