среда, 11 февруари 2026

Уште една забрана за регистрација на македонска организација на судот во Благоевград

Окружниот суд во Благоевград, Бугарија, го одби барањето за регистрација на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор. Судот оценил дека дел од целите на организацијата се „насочени против единството на нацијата“. Ова е само дел од низата вакви одлуки на бугарските судови за регистрација на македонска организација во Пиринска Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Окружниот суд во Благоевград вчера ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација за одбивање на барањето на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор, поднесено на 20 јануари годинава.

Судот се повика на уставни и правни аргументи, оценувајќи дека дел од целите на организацијата се „насочени против единството на нацијата“, објаснува претседателот на Градскиот комитет на ОМО Илинден од Благоевград, Атанас Кирјаков.

„Ова е ново поглавје во долгогодишната пракса на бугарските судови, кои од 1990 година систематски одбиваат да ги регистрираат македонските организации, често повикувајќи се на загриженост за територијалниот интегритет и единството на државата. Првиот таков случај е ОМО Илинден, одбиен веднаш по поднесувањето во 1990 година, иако Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ) подоцна утврди прекршување на правото на слобода на здружување. Од тогаш, десетици организации со македонска самоидентификација се соочуваат со истиот проблем.
Меѓународните институции, вклучително Советот на Европа, изразуваат загриженост дека Бугарија не ги почитува овие права, иако судовите во Стразбург повеќепати дале јасни препораки.
Одбивањето на регистрацијата го ограничува правото на здружување на Македонците во Бугарија, спречувајќи ги да функционираат легитимно и да ги застапуваат своите историски и културни интереси“, вели Кирјаков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ