„До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје“, вели Живкова.
Таа додава дека резултатите од земените примероци сѐ уште се чекаат.
Сендвичарата е затворена и земени се примероци од храната и работните површини и извршен е и санитарен преглед на сите вработени, како и нивна едукација. Мајка на дете кое заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека симптомите на труење нејзиното дете ги има добиено по консумирање на сендвич со пилешки стек и пржени компири.






