сабота, 13 декември 2025

Ургенција на УО на Комунална хигиена до Арсовска: Ако не назначите директор, одговорноста за ѓубрето во Скопје е ваша!

Управниот одбор на јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје (КХС) во писмо до градоначалничката на Скопје Данела Арсовска итно бара таа да назначи директор на претпријатието.

Објавено на

часот

Сподели

„Спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности да назначување и разрешување директори на ЈП КХС ги имате исклучиво вие, согласно член 24 став 2, член 23 став 3 од Законот за јавни претпријатија и член 40 од Статутот на ЈП КХС.

Претпријатието итно го налага тоа. При крај се резревите со нафта за комуналните возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, а не може да се набави без потпис на в.д. директор. Ако во најкраток рок не назначите директор, одговорноста за алармантната состојба за одржување на хигиената во Скопје е ваша“, се вели во писмото на членовите на Управниот одбор на ЈП КХС до градоначалничката Арсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ