Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре ќе работат со следниот временски распоред:
Пункт Пролет – двосменски од 7:30 до 19:30 часот;
Пункт МТВ – двосменски од 7:30 до 19:30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;
Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10 до 18 часот.
МВР ги известува граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Задутре пак (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 8 до 16 часот.