понеделник, 2 февруари 2026

УПОЗ ја потврди средбата во Владата, в четврток, за преговори за раст на платите

Синдикатот на УПОЗ потврди дека в четврток, во 16.45 часот во Владата ќе седнат на маса за преговори во врска со барањата на синдикатот за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството.

Објавено на

часот

Сподели

Од Синдикатот на УПОЗ, меѓу другото, посочуваат дека Владата, според нив, веднаш излегла со понуда за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството по протестот одржан на 28 јануари.

„Нагласуваме дека вработените имаат право на веќе стекнати права утврдени со колективните договори и новото зголемување на платите ќе значи дополнително материјално право, нешто за што Синдикатот на УПОЗ се залага“, се вели во соопштението од УПОЗ.

Премиерот Христијан Мицкоски в четврток попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откога Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ