понеделник, 6 април 2026

Универзитетскиот професор Гоце Наумовски е нов уставен судија

Со 63 гласа за, седум против и без воздржани Собранието денеска го избра универзитетскиот професор Гоце Наумовски за нов уставен судија.

Објавено на

часот

Сподели

По изборот Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно  и ќе ги почитува Уставот и законите.

Без расправа и со 68 гласа за, како и без ниту еден против и воздржан, Собранието на денешата 85. седница ја донесе и  Одлуката за давање овластување за склучување на поединечен колективен договор, поднесен од претседателот на Собранието, Африм Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ