петок, 6 февруари 2026

Универзитетски професори од неколку општествени науки ќе бидат изземени од критериумот за научни трудови во Веб оф сајнс

Универзитетските професори од неколку области од општествените науки – филологија, фолклор, археологија, етнологија и национална историја ќе бидат изземени од обврската за објавување трудови во списанија со импакт-фактор од базата на Веб оф сајнс како обврска за напредување во повисоко звање, затоа што достапни им се помал бројот на списанија со фактор на влијание во оваа научна база и поради тоа ќе им биде потешко да го исполнат критериумот што се предвидува со новиот закон за виското образование. Наместо тоа, тие ќе може да објавуваат во списанија со импакт-факјтор во базата Скопус.

Објавено на

часот

Сподели

Министерката Весна Јаневска на прес-конференција денеска рече дека во базата на Веб оф сајнс има околу 1.300 списанија што објавуваат трудови од општествени науки.

„Бидејќи сакаме постепено и во континуитет да ги правиме промените за добивање квалитет во високото образование, решивме овие науки да ги исклучиме од Веб оф сајанс и тие ќе може да објавуваат во списанија со импакт-факјтор во базата Сопус. Тоа е големо олеснување, имајќи разбирање за приспособувачкиот период во кој наставниците ќе треба да ги постигнат резултатите што сега законот ќе ги бара од нив“, рече Јаневска.

Напредувањето во звања е меѓу поповажните новини во новиот закон за високото образование затоа што со зајакнуваат критериумите. Секој што ќе аплицира за избор во звање – доцент, вонреден или редовен професор, отсега, во зависност од звањето, ќе има обврска до изборот да изработи и објави од шест до седум научни трудови. Три до четири од нив треба да бидат објавени во списание со импакт-фактор од базите Web of science или Scopus. За професорите коишто ќе бидат затекнати при избор во звања ќе има олеснувања на постапката. Новиот закон предвидува еден професор да може доживотно да остане во исто звање доколку ги исполнува условите за тоа звање при секој нареден избор. По усвојување на законот, избраните редовни професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години. Тие што се веќе избрани во редовни професори нема да бидат опфатени со овој закон.

Според новиот закон за високото образование,  докторски (трет циклус) студии ќе може да организираат првите четири рангирани  универзитети во државава откога ќе се направи првото национално рангирање што се очекува една година по донесувањето на законот. Министерката Јаневска посочи дека дотогаш тие  ќе работат како и до сега.

„Овој закон првпат предвидува национално рангирање кое ќе го спроведе МОН. Додека да се спроведе првото национално рангирање останува така како што е досега. Ние им даваме и други услови, на пример: да постојат десет години, нивните научници да имаат објавено најмалку 500 трудови, да имаат по тројца ментори за секоја студиска програма и уште неколку други кои ќе треба да ги исполнат, без оглед дали се први или последни на ранг-листата. Ова ќе потттикне натпревар меѓу универзитетите што е исклучително значајно и ако сите ги исполнат овие услови, сите ќе добијат можност за докторски студии. Се надевам дека во догледно време, за неколку години, сите јавни универзитети ќе успеат да ги постигнат овие услови“, рече министерката Јаневска на прес-конференцијата на која ги претстави пакетот три закони за високото образование и за научноистражувачка дејност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ