УНИ банка АД Скопје е една од банките во земјата преку која клиентите, правни лица, ќе може да аплицираат за поволен кредит за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.
Oваа кредитна линија има силна развојна и инвестициска компонента, и ќе придонесе за поттикнување на нови инвестиции во основни средства и поддршка на економскиот развој, иновации и инвестиции. Истите позитивно ќе влијаат врз економијата и ќе донесат нови вработувања, раст на БДП и сеопфатен економски раст и развој во државата. Договорот потпишан со Развојна банка на Македонија ќе ни овозможи пласман на кредитната линија согласно дефинираните критериуми на Владата.
Соработката на Уни банка со Развојната банка, со оваа, како и со претходни кредитни линии, секогаш е во насока на зајакнување на македонската економија.
„Со кредитната поддршка на нови инвестиции во основни средства преку оваа линија придонесуваме кон јакнење на капацитетот на домашните субјекти, кон зголемување на позитивните ефекти од нивното работење, создавајќи долгорочен придонес за економски развој на земјата.
Целта е подобрување на вкупните перформанси, зголемена економска продуктивност и поголема конкурентност на претпријатијата. Веруваме дека во земјава има компании со голем економски потенцијал, со проекти кои можат да бидат конкурентни на светскиот пазар”, истакна Милка Тодорова, претседател на Управен одбор на УНИ банка АД Скопје.
Кредитот е со намена за нови инвестиции во основни средства, со фиксна каматна стапка од 1,95%, а максималниот износ на кредит изнесува 615.000.000 МКД при што се зема предвид и изложеноста кон поврзани лица. Кредитот е со максимален рок до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години, без надомест за одобрување, управување и предвремена отплата.