Во Скопје ќе биде умерено облачно, наместа ќе има услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки раобти (УХМР), утре ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во среда ветерот ќе го смени правецот во источен, а во четврток во североисточен. Од вторник дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.






