недела, 7 декември 2025

„Улици и патишта“ и денеска го чистеше коритото на Вардар

Од Јавното претпријатие (ЈП) „Улици и патишта”- Скопје информираат дека продолжуваат активностите со машинско и рачно чистење на коритото и косините на река Вардар. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72  часа од преземањето на мандатот.

Објавено на

часот

Сподели

„Екипи на ‘Улици и патишта’- Скопје и денес се активни со машинско чистење на коритото и рачното чистење на косините на река Вардар. Рачно се отстранува насобраната пластична амбалажа и смет од косините на реката, а со багери и останата механизација машински се чисти кабаст и земјан материјал кој е насобран во централниот дел на кејот“, информираат од ЈП „Улици и патишта”- Скопје во објава на фејсбук.

Посочуваат дека во акцијата за чистење од Град Скопје се вклучени сите екипи на ЈП „Улици и патишта”-Скопје со целата расположлива механизација и работен капацитет. Потенцираат дека тие деновиве ќе работат до целосно расчистување на кејот на реката Вардар. 

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72  часа од преземањето на мандатот.

„Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар; Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот ,,Македонија”.
Најдоброто, доаѓа!“, објави Ѓорѓиевски попладнево на неговиот фејсбук-профил.

Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна завчеравечер по примеопредавањето на функцијата од досегашбата градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши утревечер.

Деновиве со механизација и рачно се чисти коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите  од ѓубре.

Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта”- Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ