Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните и југозападните делови со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија пат.
Укинати се забраните на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково, патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.