среда, 21 јануари 2026

Укината забраната за камиони на Ѓавато

Укината е забраната за камиони на планинскиот превој Ѓавато на патниот правец Битола – Ресен, соопшти АМСМ. УХМР соопшти дека утрово на Попова Шапка има најмногу снег, 34 сантиметри, а најстудено, – 7 степени, е на Попова Шапка и во Берово.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 8:25 часот утрово е укината забраната за камиони на планинскиот превој Ѓавато на патниот правец Битола – Ресен. Забраната беше воведена од шест часот утрово#, соопшти АМСМ.

Од 7:45 часот, пак, поради врнежите од снег што ја зафатија земјава, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

УХМР соопшти дека утрово на Попова Шапка има најмногу снег, 34 сантиметри, а најстудено, – 7 степени, е на Попова Шапка и во Берово.

До 08:30 часот -6 степени се измерени во Маврови Анови и Kрушево, -5 во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Куманово и Велес, -2 во Битола, Охрид, Кавардарци, Виница, Претор и Гевгелија, како и -1 степен во Демир Капија.

Висината на снежната покривка до 7 часот е 12 сантиметри во Маврови Анови, 8 во Битола, 4 во Крушево, 3 во Прилеп, Претор и Ѓуриште, 2 во Тетово, како и 1 сантиметар во Штип и Демир Капија.

Најмногу воден талог во изминатите 24 часа имало наврнале во Битола, седум литри на метар квадратен, 5 во Маврови Анови, 3 во Тетово, Крушево и Пожаране, 2 во Прилеп и Охрид, како и 1 во Демир Капија.

Според УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm, а на пониските места да се формира снежна покривка од 3 до 10 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ