ЈП „Македонијапат“ информира дека нивни екипи со цела механизација и работна сила се на терен и вршат континуирано чистење на државните патишта.
Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци.
Од 9:30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.
Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот.
Од девет часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи со цела механизација и работна сила се на терен и вршат континуирано чистење на државните патишта.
Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци.
„Во текот на целиот ден остануваме на терен со цел што понепречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од ЈП „Македонијапат“.
Апелираат возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки.






