недела, 1 февруари 2026

Укината забрана за камиони и на патниот правец Маврово – Дебар

Од 16:05 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти АМСМ. Претходно, како што соопшти „Македонија пат“, од 14:30 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, како што соопшти  „Македонија пат“, од 14:30 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево. Забраната беше воведена денеска од 9:40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег.

Забрана за сообраќај на камиони и автобуси од 9:20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка и од 5:45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Како што информира „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ