недела, 14 декември 2025
По истечениот рок за плаќање на месечните обврски за јули

УЈП утврди значителен број на неплатени обврски

По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, утврдени се значителен број на неплатени обврски, соопшти Управата за јавни приходи.

Објавено на

часот

Сподели

Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок.

Управата за јавни приходи во текот на вчерашниот ден достави персонализирани известувања до сите обврзници со неплатени обврски и апелира веднаш да го извршат плаќањето. Овие средства се дел од јавните приходи кои припаѓаат на граѓаните и обезбедуваат редовно финансирање на буџетските потреби, здравството, образованието и социјалната сигурност.

УЈП, како што се нагласува во соопштението, остро потсетува дека во следните денови ќе се преземат законските мерки за присилна наплата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ