„Управата за јавни приходи информира дека сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници се должни навремено да извршат усогласување согласно Тарифникот од Одлуката, односно да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурирањето, со цел правилна пресметка, евидентирање и прикажување на повластената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10 отсто“, се наведува во соопштението на УЈП.
Управата за јавни приходи укажува дека примената на оваа мерка мора да биде доследна и во согласност со законските одредби.
„УЈП ќе врши засилени контроли со цел да се обезбеди целосно почитување на истите, при што за евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, велат од УЈП.
Оттаму ги повикаа сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата.






