Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година.
„Трендови на пораст во однос на лани има и во декември, но уште течат приливите и исплатите од уплатните сметки за даноци. Денеска ги сумираме податоците од вчерашниот ден, даночниот ден за ДДВ и по истекот на месецот ќе ги имаме конечните податоци за цела година“, истакна директорката на прес-изјава во Владата.
Во врска со проектот е-фактурирање, напомена дека од 1 јануари ќе почне пилот-имплементацијата.
„Се наоѓаме пред клучен исчекор. Во првата фаза ќе го објавиме комуникацискиот механизам преку кој ќе се врши автоматската размена на податоци меѓу компаниите, меѓу нивните софтверски системи за фактурирање и меѓу државната централизирана платформа за е-фактурирање. По новогодишните празници ќе биде објавена техничката документација врз основа на што фирмите ќе можат да почнат со прилагодување на своите софтверски решенија и техничката интеграција, како и со тестирање на изготвување е-фактура во контролирана тест околина“, објасни Петрова.
До крајот на првиот квартал ќе биде објавена клиентската апликација – бесплатни решенија за помалите компании, до крајот на вториот квартал ќе биде поставена продукциската околина, а до крајот третиот квартал од 2026 година се планира да заврши тестирањето.
Сите даночни резиденти во својата држава треба да го пријават и оданочат целокупниот свој доход остварен во други земји“, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова.
Според неа, воопшто не се работи за ретроактивно оданочување, ниту за покривање состојби како немање пари во буџетот, туку за обезбедување фер и правично оданочување.
„Не се работи ниту за некоја нова законска одредба која сакаме да ја примениме ретроактивно, туку за законска одредба што постоела отсекогаш, откако е донесен Законот за данокот на личен доход и претходно била регулирана и со Законот за персонален данок на доход. Нашите, македонски даночни резиденти тука треба да го пријават и оданочат целокупниот свој доход остварен во земјата и во странство“, истакна Петрова.
Се работи, дополни, за универзален принцип што се применува во секоја даночна јурисдикција.
Како што информира Петрова, досега УЈП има упатено околу 10.000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странство и по тие покани околу 1.200 лица доброволно поднеле пресметки, а околу 1.300 се задолжени со даночни решенија.
„Процесот на оданочување е сè уште во тек. За овие 2.500 лица пресметаниот данок изнесува речиси еден милион евра, но тие се една четвртина од тие што досега сме ги повикале да го пријават и оданочат својот доход“, потенцира Петрова.






