Ова се однесува и на издавање преку платформи како ЕрБнб, Букинг.ком, Фејсбук, Кајак ( AirBnb, Booking.com, Facebook) и други.
Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што се остварува намален за износот на следниве нормирани трошоци: 10% од износот на доходот (за неопремен простор) и 15% од износот на доходот (за опремен простор).
Пријавувањето на доход од издавање на недвижен имот се врши задолжително до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање. Пријавата заедно со соодветни докази се поднесува електронски (е-ППД) преку системот „е-Даночни услуги“.
За повеќе информации граѓаните можат да се обратат во Контакт центарот на УЈП на е-пошта Info@ujp.gov.mk, на телефоните 0800 33 000 и 02 3253 200, како и во Регионалните дирекции/Даночните одделенија на Управата за јавни приходи.
Достапна е и брошура за оданочување на доход од закуп и подзакуп, а сите заинтересирани можат и да се регистрираат на системот „е – Даночни услуги“.
„Бидете одговорни даночни обврзници, навремено и точно пријавувајте и исполнете ги вашите даночни обврски. Не заборавајте дека пријавувањето на доходот е законска обврска и ќе ви помогне да избегнете стрес и санкции“, апелираат од УЈП.