петок, 20 март 2026

УЈП пред ММФ: Растот на приходите е резултат на системски мерки

Растот на даночните приходи во 2025 година и позитивниот тренд во 2026 година не се случајност, туку резултат на системски мерки, истакна раководството на Управата за јавни приходи (УЈП) на вчерашната средба со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Ник Гигинеишвили, во рамки на мисијата за членот 4.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира УЈП, состанокот помина во транспарентна и конструктивна атмосфера, со аналитички преглед на факторите кои влијаат на наплатата на приходите, вклучувајќи го влијанието на сеопфатните мерки на УЈП, покрај движењата во економијата и деловната активност на компаниите.

Управата за јавни приходи ги презентираше клучните мерки, резултати и приоритети за понатамошно јакнење на наплатата и даночната усогласеност.

„Пристапот на УЈП е јасен и конзистентен: управување со ризик, зајакнување на даночната усогласеност, таргетирани контроли и системска борба за сузбивање на неформалната економија и даночната евазија. Институционалното јакнење продолжува преку инвестиции во човечкиот капитал со техничка поддршка на меѓународните партнери. Се спроведуваат проекти за поедноставни процедури, поефикасни услуги и ефективна наплата на заостанатите долгови. е-Фактурата и реформата е-УЈП се клучни столбови на модернизацијата и дигиталната трансформација. Состанокот заврши со заклучок дека системскиот пристап во јакнење на даночната култура и дисциплина и континуираните реформи се основа за одржлив раст на приходите“, наведува УЈП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ