„Досега, од очекуваните 41.171 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 16.015, што е близу 40 отсто од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат пријава и претставува зголемување од 10 п.п. во однос на претходните два квартала, кога за истиот период биле поднесени околу 30 отсто од очекуваните пријави. Сепак, остануваат уште 25.156 ДДВ-04 пријави да се поднесат до петок, кога е и крајниот законски рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите“, се наведува во соопштението.
Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.
„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата. Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: Е-пошта: [email protected] Телефонски броеви: • Од фиксна линија: 0800 33 000 • Од мобилен телефон: 02 3253 200“, се посочува во соопштението.
Од Управата за јавни приходи и нејзините стручни тимови велат дека во секое време стојат на располагање за информации и поддршка со цел успешно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници.






