На состанокот беше направен аналитички преглед на факторите кои влијаат на наплатата на приходите, вклучувајќи го влијанието на сеопфатните мерки на УЈП, покрај движењата во економијата и деловната активност на компаниите.
Управата за јавни приходи ги презентираше клучните мерки, резултати и приоритети за понатамошно јакнење на наплатата и даночната усогласеност. Пристапот на УЈП е јасен и конзистентен: управување со ризик, зајакнување на даночната усогласеност, таргетирани контроли и системска борба за сузбивање на неформалната економија и даночната евазија.
Институционалното јакнење продолжува преку инвестиции во човечкиот капитал со техничка поддршка на меѓународните партнери. Се спроведуваат проекти за поедноставни процедури, поефикасни услуги и ефективна наплата на заостанатите долгови. Е-фактурата и реформата е-УЈП се клучни столбови на модернизацијата и дигиталната трансформација.
Системскиот пристап во јакнење на даночната култура и дисциплина и континуираните реформи се основа за одржлив раст на приходите, заклучија присутните на состанокот.






