Како што информираше денеска УЈП, даночните обврзници, авто-такси превозници должни се да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред, да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат, да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет, да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи, за секоја фискална каса поединечно, да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет најдоцна наредниот работен ден и да а имаат јасно и видно истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка од страна на корисниците на услугата.
„Доколку граѓаните имаат сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, ги охрабруваме да пријават преку, бесплатната телефонска линија 198 и на е-пошта – [email protected] Управата за јавни приходи ги разгледува добиените претставки и постапува согласно своите надлежности.Апелираме до сите авто-такси превозници, како и до сите даночни обврзници, да постапуваат согласно законските прописи, со цел зајакнување на даночната усогласеност и подобрување на даночната дисциплина. Почитувањето на обврската за издавање фискални сметки и користење мобилни фискални апарати не е само законска обврска – тоа е придонес кон правично, транспарентно и фер работење на сите економски чинители“, се наведува во соопштението на УЈП.






