недела, 28 декември 2025

УЈП демантира дека ставиле „пломба“ на дискотеката Пулс во Кочани

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ги демантираше информациите дека во декември 2024 година дискотеката Пулс од Кочани била „пломбирана“ од од нејзина страна и соопшти дека на дискотеката ѝ била изречена казна за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Објавено на

часот

Сподели

„’Пломбирањето’ кое се пласира и за кое се шпекулира во јавноста е извршено кај друг угостителски објект, со друг назив кој бил предмет на контрола и за кој е изречена привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена во периодот јули 2023 година, по претходно извршени контроли од УЈП согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Во рамките на законските надлежности на УЈП, кај должникот обврзник ММММ Кафе ДООЕЛ во неколку наврати во период од крајот на 2022 година се реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на сметка и долгот е наплатен, по што сметката по автоматизам се деблокира од банката. Но, од август 2024 година постапките за извршување на долгови, се сѐ уште активни заради наплата од средства на должникот во банките по повеќе основи (даночни долгови и плати)“, се наведува во демантот на УЈП.

Оттаму појаснуваат дека блокирање на сметка, како мерка, согласно Законот за даночна постапка, е предвидена за извршување односно наплата на долг во постапка на присилна наплата која ја спроведува УЈП.

„Во постапка на присилна наплата на долг согласно Законот за даночна постапка не е предвидена мерка затворање на објект. Блокирањето на сметка како мерка, и привремена забрана за вршење на дејност како мерка, се изрекуваат за различни основи, согласно различни закони и во различни постапки кои ги спроведува УЈП“, велат од УЈП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ