четврток, 9 април 2026

УХМР: Облаци и сончеви периоди во празничните денови, утринските температури и под нулата

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што најавија синоптичарите, утринската температура утре и в сабота наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен, повремено засилен, северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Од сабота се очекува да дува југоисточен ветер што в понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 километри на час. Според најавеното, во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и в среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ