петок, 5 декември 2025

УХМР: Ноември потопол, но со тројно повеќе врнежи од просекот

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици во земјава, месец ноември годинава беше потопол од вообичаено и многу врнежлив во централниот дел од државата до екстремно врнежлив во истокот и западот, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/2020), соопшти УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Средномесечната температура се движеше од 5,9 Целзиусови степени во Лазарополе до 11,7 тепени во Гевгелија. Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната ноемвриска температура беше 3 степени повисока на ниво на држава.

Највисоката максимална температура беше измерена на 1 ноември во Гевгелија и изнесуваше 23,2 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 12 ноември и изнесуваше -3,79 Целзиусови степени.

Месечната сума на врнежи во државата во ноември варираше од 79,9 мм во Скопје Зајчев Рид до 243,1 мм во Маврово.

Врнежите беа застапени во текот на целиот месец и беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 67,8 мм беше регистрирано во Лазарополе на 19 ноември.

Максималните дневни врнежи беа околу една третина од апсолутните максимални дневни врнежи, но историски гледано од октомври кон ноември оваа година имавме натпросечни врнежи и почвата беше пообилно заситена.

Споредено со ноемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше три пати над просечната на ниво на држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ