Оттаму ги посочуваат скопскиот, кумановскиот, Криво-Паланечкиот, кратовскиот и тетовскиот регион како области каде е потребна поголема внимателност.
Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.
„Соодветно на најавата на синоптичарите дека попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30 l/m2), грмежи и град, би сакале да ве информираме дека доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места локално за кратко време наврнат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците, каде на одредени локации можно е да се јават локални проблеми“, соопштуваат од УХМР.






