Најавените поројни и пообилни врнежи за денеска ќе бидат проследени со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе изнесува 15 степени.






