вторник, 24 февруари 2026

Угината рисица пронајдена на патот Охрид – Ресен

Угината единка од балкански рис (Lynx lynx), возрасна женка, е забележана денеска околу 6 часот, утринава на патот Охрид – Ресен, кај с. Буково, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Објавено на

часот

Сподели

Надлежните служби, посочуваат дека извршиле теренски увид во соработка со Македонското еколошко друштво и Државниот инспекторат за животна средина.

Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје, додаваат од ДИЖС.

Инаку, балканкиот рис е загрозен вид, а во Македонија има околу четириесеттина возрасни единки, додека на Балканот, севкупно нема повеќе од педесетина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ