среда, 28 мај 2025

Ученици од Скопје на церемонија на менување на знамето кај претседателката Сиљановска – Давкова

Ученици од скопските основни училишта „Ѓорѓија Пулевски“ од општина Аеродром, „Св. Климент Охридски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода, денеска го посетија кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

Придружени од своите наставници, учениците ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме, соопшти прес-службата на претседателката.

Оваа интересна церемонија се одржува секој втор петок во месецот и се реализира од Баталјонот за почести при АРМ, како израз на почит кон македонското знаме, како државен симбол.

По завршувањето на свечениот чин, младите посетители ги разгледале просториите на кабинетот и разговарале со претседателката за нејзините работни обврски, но и за личниот живот, почнувајќи од детството, школските и студентски денови, како и професорската кариера.

Во разговорот со учениците, претседателката ги охрабрила да учат и да веруваат во себе, да го почитуваат знаењето, оти тоа ќе ги направи компетитивни, сигурни и успешни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ