„Лишени од слобода се 11 лица поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче. Ослободени се четири лица, а седум се задржани поради понатамошна постапка. Пријавени се седум настани со наводна инволвираност на полициски службеници, од кои за шест е утврдено дека нема неправилности. Регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи и интернет кои се предмет на понатамошна проверка. Сите овие податоци потврдуваат дека изборниот процес мина во фер и мирна демократска атмосфера и без сериозни нарушаувања на јавниот ред и мир“, рече Тошковски.
Тој напомена дека во текот на денешниот ден бил приведен и вработен во Државната изборна комисија (ДИК), но истиотза време на приведувањето на бил на работа, туку бил затекнат на избирачко место.
„Согласно информациите кои ги имам, едно од лицата кое е лишено од слобода е во работен однос во рамките на Државната изборна комисија, но истиот при лишувањето од слобода не ги извршувал своите работни обврски, и е лишано од слобода затоа што одбил да се идентификува“, изјави Тошковски.
И покрај ова, Тошковски оцени дека изборите минале во главно фер и демократска атмосфера, а Македонија покажала демократска зрелост и политичка култура.
„Денеска покажаваме дека кога институциите функционираат, демократијата е сигурна. Ова е резултат на навремено планирање. Им честитам на граѓаните за нивната зрелост и одговорност, а на полицијата за нејзината посветеност“, рече Тошковски.
Како што информираше министерот, на 84 избирачки места (ИМ), гласањето не почнало на време поради технички проблемидо најмногу до два часа. Најмногу од нив се на територијата на Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово. Регистрирани се 29 прекини на гласањето во траење од петнасетина до триесет минути, најчесто поради технички прилини со УВ лампите. најмногу од прекините биле регистирани на подрачјето на СВР Тетово и СВР Охрид. Пријавени биле 91 настан низ цела Македонија најмногу за агитација и можен изборен поткуп, лепење плакати, фотографирање на галсачко ливче и упатени закани.
„По преземени мерки за 42 од пријавените настани постапките се завршени и наодите не се потврдени. Во тек се проверка на останатите пријавени активности“, рече Тошковски.






