Сестрата и внуците на неодамна починатиот естраден новинар Зоран Василевски Фаци со години трпеле терор од нивниот сопруг и татко Тодор Митровоќ кој долги години бил зависник од алкохол. Состојбата ескалирала кога тие пред неколку месеци го избркале од станот во кој живееше Василевски во Ново Лисиче, а сега се тие таму.
За случајот синоќа информираше јутјуберот и близок соработник на Василевски, Стефан Лазаров со апел за поголем ангажман на јавноста, но и надлежните за навремени интервенции во случаи на семејно насилство.
„Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат!Е сега сѐ ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од таткото на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира, им упатува закани по живот, хроничен алкохоличар е, пријавуван е сто пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие! Вчера некој полицаец на Бети (сестрата на Зоки, сопруга на сторителот) на нејзина пријава дека сега веќе поранешниот маж и најавил дека ќе ги запали, полицаецот и одговорил ‘аман секој втор ден ли ќе се расправаме со вас’?? Дополнително ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат , таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово. Веднаш се јавуваат во полициската станица во Аеродром и повторно го добиваат одговорот ‘аман веќе од вас’. Откако го запалил ходникот, и колегите кои веќе се на увид во Катланово интервенираат кај колегите во Аеродром, дури тогаш полицијата излегуваат на терен!! Замислете ситуацијата денес да ескалираше и да имаше поголеми последици!!!!!?“, напиша Лазаров на својот фејбук профил.
Лазаров уште информираше дека Митровиќ е уапсен вчера вечер и околу 21 часот е изведен пред судија на претходна постапка.
„Ги повекувам сите медиуми да извршат притисок за човекот да оди во затвор. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот е неколку пати пријавуван за семејно насилство!!!“, напиша Лазаров на фејсбук.