четврток, 19 март 2026

Турскиот универзитет Визион ќе му помага на македонското здравство во обезбедување и употреба на современи дигитални технологии

Министерот за здравство, Азир Алиу потпиша Меморандум за соработка со академијата Вижн, со цел унапредување на капацитети и развој на иновативни решенија во здравството, соопштија од Министерството за здравство (МЗ).

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопшти МЗ, бил присутен  и турскиот амбасадор Фатих Улусој, а со Меморандумот се воспоставува рамка за институционална соработка насочена кон развој на човечки ресурси, примена на современи технологии и поддршка на процесите за модернизација на здравствениот систем.

„Водени од потребата за заедничко дејствување и размена на знаења, ја продлабочуваме соработката, а ова партнерство претставува важен чекор кон создавање модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем. Убеден сум дека преку оваа соработка ќе обезбедиме подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поквалитетни услуги за граѓаните“, потенцирал Алиу.

Од МЗ наведуваат дека во фокусот на соработката е дигиталната трансформација на здравството. Преку заеднички активности и проекти ќе се работи на унапредување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на здравствените услуги, со користење на современи дигитални алатки и технологии.

„Министерството за здравство останува посветено на градење партнерства со релевантни образовни и технолошки институции, како значаен предуслов за долгорочен развој и унапредување на здравствениот систем“, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ