Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни – 34.366 се од Турција, по што следи Србија со 8.897, Германија со 8.011 и Холандија со 3.604 туристи.
Во првите шест месеци од годинава вкупниот број на туристи е зголемен за 13,5 отсто во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има намалување за 2,5 отсто, а кај странските зголемување за 19,7 проценти. Зголемување од 8,5 отсто во споредба со првите шест месеци од 2024 година има и кај бројот на ноќевања при што кај домашните туристи има намалување за 1,1, а кај странските зголемување за 13,3 отсто.






